Управата за хидрометеоролошки работи за денеска објави портокалов метеоаларм за територијата на целата држава.
Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина од 60 km/h.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Ќе дува засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.
До крајот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност во текот на денот.
Утре ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина од 60 km/h.
Од вторник ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.



