четврток, 26 ноември 2026
Најново

Денес вистинска убавица, но светот разочаран откако се вери со 32 години постар милионер- ова е внуката на принцезата Дајана

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Внуката на принцезата Дајана овие денови повторно е актуелна во светските медиуми поради месецот во кој се одбележува годишнината од смртта на нејзината тетка.
Таа на почетокот на оваа година исто така предизвика бура на реакции во јавноста откако се вери со милионерот Мајк Луис (61).
Имено Лејди Кити Спенсер (29) се сврши со милионерот кој претходно се развел од поранешната сопруга, со која има три деца, а неговото богатство е проценето на 80 милиони фунти, пишува „Метро“.


Луис е инаку пет години постар од таткото на Кити.
Парот за прв пат заедно во јавност се појавил во август 2018 година. Тогаш папараците ги забележале како се бакнуваат. Гласините околу запросувањето започнаа уште во јуни минатата година поради големиот дијамантски прстен кој Кити го носела на еден лондонски бал.


Врската тие ја признале дури подоцна, кога заедно прошетале низ Њујорк.


Внуката на Дијана тогаш рекла дена не се брза околу основање на семејство.

Поврзани вести