Денес во Белград започнува Wine Vision by Open Balkans, соседите сепак се оладија

Меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам Wine Vision by Open Balkans ќе се одржи од денес до 25 ноември на Белградскиот саем, каде што ќе бидат претставени околу 600 српски  и странски изложувачи со акцент на Македнија и Албанија.
Официјалното отворање е најавено во 10:00 часот. Сепак без голема политичка помпа. НА српскиот претседател Александар Вучиќ ќе му фалат премиерите   на Северна Македонија и Албанија за да се шепури и наздрвува , пред камерите на новинарите на Србија.

Идејата Отворен Балкан некако почна да тоне веќе една година потоа, прв се оплади албанскиот премиер Еди Рама и испраќаше пониско ниво на претставници. Македонскиот премеир Христијан Мицковски оваа година за првпат нема да учествува туку го праќа министерите  Стоиљковиќ и Трипуновски.

Овој настан е доказ за моќта на соработката, визијата и посветеноста што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски, културната размена и туристичката промоција. Регионалната иницијатива создава можности што го поврзуваат нашиот регион со светот и токму оваа платформа е пример како традицијата и иновацијата можат да одат рака под рака, порача МИцковски на   б на отворањето на меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград, минатата година.

Овој саем, кој се одржува по четврти пат, како што објави прес-службата на Владата на Србија, е плод на иницијативата Open Balkans, која ги поврзува Србија, Северна Македонија и Албанија
Сепак носечката идејата  на нарачателите на оваа иницијатива , беше поблиска економсмка соработка  на Балканот како  заигрување пред браната на евроатланските интеграции, и токму поради тоа го губи политичкото значење и останува класичен белградски саем  за виното, туризмот и деликатесна храна од регионот.

Пронајдете не на следниве мрежи: