Денес во Зоолошката градина во Скопје-хуманитарен базар

Во Зоолошката градина во Скопје денес ќе се одржи хуманитарен ZOO базар, поддржан од повеќе здруженија за заштита на животните, како и граѓански активисти.
Да помогнеме на нашите бездомни крзнени пријатели!, е мотото на базарот, во чии рамки ќе бидат поставени кутии за донации, а на влезот штандови со сувенири, приврзоци, маички со животински принтови.
Сите собрани средства од штандовите ќе бидат наменети за спасување на животите на многу животни, а целта е да се научат најмалите за љубовта кон животните, емпатијата и помагањето на послабиот, а сепак најискрен човеков пријател.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.