Денес гласаат затворениците, раселените и немоќните лица

Изборната кампања за вториот круг од претседателските избори и за предвремените локални избори што ќе се одржат во општините Охрид и Ново Село заврши на полноќ и започна изборниот молк. Денес, ден пред изборите, своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 4.540 немоќни и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.
Болните и немоќните лица гласаат во нивните домови, внатрешно раселените лица во прифатлиштата каде што се сместени, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат во местото каде што ја издржуваат мерката.
Гласањето и денес и утре на денот на изборите почнува во 7 и ќе трае до 19 часот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.