Денес е Свети Андреј, жените никако да не земаат облека во рака- еве зошто

Православните верници денес го одбележуваат празникот на првиот Господов апостол Свети апостол Андреј Првоповикан
Во народниот говор името Андреј асоцира на нешто јадро (крупно), па поради тоа е поврзано со верувањето дека од тој датум денот наедрува, се зголемува. Свети Андреј, брат на апостолот Петар, бил ученик на св. Јован Крстител. Тој е првиот што го повикал Исус, оттука е наречен Првоповикан.
Именден празнуваат: Андреј, Андреја, Андријана…


Според народните верувања Свети Андреј се смета за заштитник на големите животни. Со нив разговара и тие му се покорни. Во минатото Ромите мечкари го славеле Андреев ден верувајќи дека овој светец ги скротува мечките како кучиња и дека патува по светот качен на мечка.
Во пресрет на празникот се варела пченка за мечките или посебен колач-мечкина побојница со која се врзувала вилицата на мечката, за да не ја заколе стоката. Затоа некаде Свети Андреј се нарекувал и Мечкин ден.
За овој ден врзани се многубројни забрани: Во некои делови не се штави кожа, ниту се прави било што со неа, а некаде пак, не се прави ништо со облеката – за да не се искине. Поради тоа, ни денеска во „модерно време“ не треба да се пегла, пере, усисува, ниту да се прави било што друго поврзано со облека.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.