Денес живее во куќа од пола милион евра, а вака изгледа собата во која Пријовиќ го поминала детството

Една од најпопуларните млади пејачки Александра Пријовиќ претходната година стапи во брак со посинокот на Лепа Брена, Филип Живојиновиќ.
Оваа година во март, Филип и Алесандра го добија синот Александар. По породувањето Александра и Филип со синот се преселија во нова куќа на Бежаниска коса, а како што пишуваа медиумите таа вреди околу пола милион евра.

За време на бремноста, Пријовиќ се повлече од медиумите и ги откажа сите настапи.
Два месеци по породување, Александра се појави пред ТВ екраните. Имено, таа беше гостинка во емисијата „Премиера – викенд специјал“ каде што зборуваше за своето детство, за своето потекло, за новата улога на мајка…
Екипата го посетила домот на Пријовиќ во Бели Манстир каде пораснала како дете.
Нејзината мајка откри дека прв збор кој го проговорила Александра е „не сакам“ и дека како мала држела концерти.

Таа исто така откри дека како дете Пријовиќ била многу културна и дека никогаш не ја посрамотила
Исто така таа ја покажа детската соба на Александра во која го поминала детството.
За потсетување, Пријовиќ најави дека во јули се враќа на музичката сцена и дека ќе објави нови песни.
Како изгледа собата на Пријовиќ погледнете во видеото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.