Денес Пендаровски ќе се сретне со Џафери

По средбата која веќе ја оствари со премиерот Заев македонскиот претседател, Стево Пендаровски денес ќе се сретне со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Како што се очекува на средбата би требало да се разговара за законите усвоени во Собранието, а кои се уште чекаат на потпис на претседателот или пак се само со потпис на претседателот на Собранието.
Новиот претседател Пендаровски веќе ги потпиша законите што беа донесени со двотретинско мнозинство и кои се дел од реформите во правосудството, а за кои шефот на државата нема право на вето. За оваа недела тој најави дека ќе потпише други закони што беа донесени во трето читање откако претходниот претседателот Ѓорге Иванов ги врати кај пратениците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.