Денес променливо облачно време: Од викендов опаѓање на температутите, од понеделник значителен пораст

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намалува.
Минималната температура ќе биде помеѓу 13 и 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.


Во Скопје, претпладне променливо облачно со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 19 до 31 степен.
Од сабота следува период на стабилно време. За време на викендот ќе има благо опаѓање на температурите, а од понеделник позначителен пораст.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.