Денес сончево и многу топло 

Денес времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло, попладне со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а дневната од 27 до 37 степени Целзиусови. УВ индексот ќе биде многу висок и ќе изнесува 9.
И во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 19 степени, а дневната до 34 степени. УВ индексот ќе биде 9.
Следува период на претежно сончево и топло време. Во четврток и во сабота во попладневните часови локално ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.