Денес сончево и топло, од петок попладне драстична промена на времето

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена локана облачност и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Локално, особено во југозападниот дел од земјава ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи. Максималаната температура ќе се движи од 18 до 24 степени Целзиусови.
И утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. На повеќе места ќе има услови за краткотрајна појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Во четврток не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Времето и во петок ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Во сабота пред Велигден времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.