четврток, 12 ноември 2026
Најново

Денес сончево од утре снег

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и студено. Утринската температура ќе се движи од -3 до -10, а дневната од 1 до 9 степени Целзиусови.
И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и студено. Утринската температура ќе се сушти до -7 степени, а дневната температура ќе достигне до 5 степени.
Во четврток попладне и во петок ќе има повремени врнежи претежно од снег и на места ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд на пониските места, а на планините со повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Поврзани вести