Денес средба Заев и Ахмети за кадровските промени во Владата

Денес во 16 часот во Владата ќе имаат средба премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети за да разговараат за најавените кадровски промени во извршната власт.
– Иако симболиката дојде од зборот “метла“, сепак, се работи за луѓе професионалци. Зборуваме за ароганција, за неисполнување на очекувањата од одредени институции и зборуваме за немукаетност или неможност да се постигнат очекуваните цели кои граѓаните ги очекувале. Значи зборуваме за личности, не зборуваме за припадници на политички партии или професионалци кои се во Владата. Сите оние кои покажале слабост од ваков карактер вредно е да се размислува да бидат променети со други луѓе, изјави премиерот Заев по дебатата за нацрт текстот на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и мултикултурализам.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.