Денот кога ,,гореа” социјалните мрежи: Сликите на Марија Захарова од свадбата сите ги окарактеризираа како вулгарни! 

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, е позната по своите остри зборови кон Западот, но и по тоа што добро го крие приватниот живот. Меѓутоа, неодамна интернетот беше преплавен со фотографии од нејзината венчавка и сите зборуваат за нив.

Марија Владимировна Захарова е родена на 24 декември 1975 година во Москва во семејство на дипломати.

Во моментов, таа е директор на Одделот за информации и печат на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, што во суштина ја претставува функцијата на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација . Оваа функција ја извршува од 10 август 2015 година.

Дипломирала на МГИМО Факултетот за меѓународно новинарство од областа ориентализам и новинарство. Захарова е кандидат за историски науки што би значело титула слична на доктор.

Оваа 43-годишна русокоса Русинка се омажи за Андреј Макаров во 2005 година во Њујорк, а ги фотографираше познатиот фотограф Николај Комисаров.

На венчавката Захарова носеше кратка венчаница, а на фотографиите со Андреј баш и не личат како од на свадбата.

На една слика Андреј ја бакнува и ја лиже Марија по вратот.

Ниту другите не се поинакви. На едната, младоженецот ја потпрел сопругата на автомобилот, а на друга, таа е легната во возилото и и’се гледа долната облека.

Russia’s number one basher of “Anglo-Saxons” Maria Zakharova is celebrating her (47th) birthday todayWhich is as good a reason as any to recall the Foreign Ministry spokeswoman’s phenomenal New York wedding in 2005 pic.twitter.com/Y1YAdrPEuw— Francis Scarr (@francis_scarr) December 24, 2022

Очигледно тие одлично се забавуваа на фотографирањето, но многу коментатори на социјалните мрежи рекоа дека нивните фотографии се вулгарни и не се соодветни за свадба.

Како што рече и самата Захарова пред две години, нивната венчавка била „скромна“.

„Сега имам помалку килограми од тогаш. Најважно е што научив да сакам“, истакна таа.

На 7 ноември 2005 година, руската политичарка Марија Захарова се омажи за Андреј Макаров во рускиот конзулат во Њујорк. Со Макаров ја има ќерката Маријана, родена во август 2010 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: