Ден по погребот, Јелена Карлеуша се огласи на Твитер

Српскиот фудбалер Душко Тошиќ вчера во своето село Орловат беше на погребот на својот татко Милан Тошиќ.
Откако ги дозна тажните вести, Душко веднаш тргна од Кина во своето родно место.
По пристигнувањето на аеродромот тој отишол кај својата мајка Николета и сестрата Катарина, а неговата жена Јелена Карлеуша пристигнала подоцна во придружба на својата мајка Дивна, како и нејзиниот пријател и менаџер Зоран.

Јелена не се одвојувала од својот сопруг, постојано го гушкала и држела за рака. Ден по погребот, Карлеуша се огласи на Твитер каде на сите им се заблагодари за поддршката и утешните зборови.
„Им благодарам на добрите луѓе за утехата и поддршката. Им благодарам на медиумите на културното и прекрасно известување од погребот на Милан, починатиот татко на Душан“, напиша Јелена.


Фановите во коментарите ѝ оставаа убави зборови на поддршка и за семејството на Тошиќ кои им порачуваа да останат силни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.