Ден по смртта на Дивна: Мегапокајание на Огњен Врањеш

Фудбалерот Огњен Врањеш, кој се прослави по секс-аферата со фолк-дивата Јелена Карлеуша наместо по достигнувањата на зелениот мегдан, остана без место во белгискиот Андерлехт, а и селекторот на БиХ Роберт Просинечки го изостави од списокот за претстојните мечеви. Во изјава за белгиските медиуми изјавил дека скапо ги платил грешките во чекори кои ги направил и дека е свесен дека случувањата во кои играше главна улога последните месеци не му биле во корист.
Иако е еден од најдобрите и најдоверливите дефанзивци во репрезентацијата на БиХ, селекторот се откажа од Врањеш и сега има проблем во одбраната.
Неправедно е што се уште сум жртвено јагне, истакнал Врањеш на почетоко на својата исповед за белгискиот ХЛН и додал дека гледа тешка иднина и дека оваа негова исповед нема многу да влијае на јавното мислење.
Една од осудите била и коментарот „Добредојдовте во пеколот“ по натпреварот на Ајакс во Атина против АЕК.
Беше глупост. Изгледаше како да одобрив хулиганство, но т секако тоа не ми беше намерата. Само сакав да покажам колку е вжештена атмосферата во мојот поранешен клуб АЕК. Не размислив доволно, зашто моите грчки „пријатели“ скокнаа на мене. Навистина ми е жал. Направив грешка, коментира Врањеш.


Медиумите во БиХ го поргонуваат за тетоважата на ликот на Момчило Ѓуриќ, а Врањеш за тоа вели:
Момчило Ѓуриќ бил свештеник кој му припаѓал на мојот народ и кого народото го прифатил. Сето друго не е важно.
Потоа и аферата со пејачката Јелена Карлеуша:
Тоа е приватен живот.
Сепак, раководството на Андерлехт го префрли репрезентативецот на БиХ во Б тимот.
Никој не може да ме обвини за недостаток на посветеност и професионалност. правам тоа што ќе ми кажат. Не можам повеќе од тоа, имам договор и морам да го почитувам. Не сум фудбалер кој игра на ветувања, Кога ги прашав зошто сум префрлен воБ тимот, јасно ми рекоа: „Андерлехт не сака да им пречи на своите таленти со играчи кои немаат иднина во клубот“ Штета.


За враќање во А тимот Врањеш вели:
Можам само да им помогнам на младите. Имам искуство, играв во ЛШ и ЛЕ и сум бил на Светското првенство во Бразил. Дури сега треба да добијам минутажа, а и би се чувствувал подобро, би заработувал со работа. И би го задржал натпреварувачкиот дух. Редовно тренирам, само затоа што мислам дека можам да направам нешшто за Андерлехт. Но во разговорите со Мишел Вершхјерен јасно почувствував дека дефинитивно е готово. Клубот веќе нема да го менува своето мислење.
Бањалучанецот смета дека е бизарна причината зошто е отстранет од првиот тим:
Елементите се привани, а не спортски и не треба да да имаат влијание на кариерата на еден спртист, ама… Ете, да речеме Карим Бензема беше вклучен во многу истраги, има доказ за секс со малолетна проститутка, но тој се уште е во Реал Мадрид, така?! Ќе речеме ли дека Реал, во споредба со Андерлехт, е мал клуб? Како неправда го доживувам тоа што грешките што јас ги правам секогаш се увеличуваат. Во извесна смисла јас секогаш сум жртвено јагне, а тоане е фер. Прескапо ги платив своите грешки. Сепак, јас сум самокритичен. Сфаќам дека во последните месеци не се однесував одлично.
Во Брисел велат дека од адут Врањеш прераснал во пилот камиказа.
Прелесно е да се каже така. Видете, јас н есум лош човек. Не можам да го вратам времето. Понекогаш би сакал, но од друга страна, многу научив. Не сум лошо момче. Немам проблем со искривената слика за мене. Видете, имам прави на свое мислење, не можам ништо да променам во врска со тоа и не сум се ни обидел. Мојот карактер имам врвови и долини, но тоа ме формира како човек. Ќе се вратам. Јас сум борец, кој никогаш нема да се промени ниту да се предаде, завршува Врањеш.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.