Дериватите поскапуваат за еден денар

Цените на горивата ќе се зголемат за еден денар по литар почнувајќи од вечерва на полноќ, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика, вода и услуги за управување со комунален отпад (PKE). Со одлуката малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0,46 проценти во споредба со претходната одлука.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 76 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 78, ЕУРОДИЗЕЛ БС (ДЕ V) за 69,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 69 денари за литар. Со одлуката на ЦЕР, малопродажната цена на Мазут М-1 НС ќе се намали за 1,245 денари за килограм и ќе изнесува 37,148 денари.PKE нагласува дека референтните цени на нафтените производи на светскиот пазар, во споредба со претходната пресметка, бележат зголемување кај бензинот во просек за 2,869 проценти, дизелот за 2,557 и екстра лесното масло за 3,327 проценти, додека мазутот е намален за 4,292 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот, според кој беа формирани цените во претходната пресметка, е понизок за 0,2938 проценти.

Пронајдете не на следниве мрежи: