Десетици смртни случаи во САД на луѓе на кои им се давале седативи за време на апсења

   Во 15-годишната истрага за практиката на давање седативи на луѓе за време на апсења во САД,  и поддржана од експерти за спроведување на законот, покажа дека стратегијата, наменета за намалување на насилството и спасување животи, доведе до многу смртни случаи кои можеле да се избегнат.Најмалку 94 луѓе умреле од 2012 до 2021 година, откако полицијата им давала седативи обидувајќи се да ги задржи, а околу половина од жртвите биле црнци, според наодите на АП во соработка со Фронтлајн ПБС и Хауард Центарот за истражувачко новинарство, јавија американските медиоуми.Главната причина за толку многу црни жртви е спорната наводна медицинска состојба наречена „возбуден делириум“. Критичарите велат дека нејзините наводни симптоми, кои вклучуваат „натчовечка сила“ и висока толеранција на болка, се во овнова во расистичките стереотипи за црнците и водат до пристрасни одлуки за тоа кому треба да му се даде седатив.Беше невозможно да се одреди улогата на седативи во секоја од 94-те смртни случаи бидејќи многу од случаите вклучуваа употреба на потенцијално опасна сила врз луѓе кои биле дрогирани или пијани и затоа што истрагата обично се фокусирала на дејствијата на полицајците, а не на медицинските лица кои им помагаат.АП пронашла докази за луѓе кои биле насилно држени на стомак од полицијата, многумина со лисици на рацете додека полицајци седеле на нивните грбови, а кои се мачеле да дишат и се обидувале да се ослободат. Повикувајќи на отпор при апсење, болничарите им давале седативи, што дополнително го забавувало нивното дишење.Срцевиот и респираторниот застој често се случувале во рок од неколку минути. 

Пронајдете не на следниве мрежи: