Десети септември дојде и пројде. Да не си му во кожа на Мицковски!

Десети септември дојде и пројде. Да не си му во кожа на Мицковски. Односно угоре високо, удолу длабоко. На една страна народот и членството, на друга дипломатите и неговите странски другарчиња кои за возврат за неговото поставување сега бараат да биде „на висина“ на задачата и да не пречи во планот за разнебитување на Македонија. 
Се сеќавата кога самиот на почеток на август Мицковски си даде фора еден цел месец. Па прати луѓе по терен. Бараше начин како да се провре. Да се протне низ иглени уши и да не се замери со членството ама пак да им е арен и на странците. Кои ако сме искрени „ги заболе“ за Мицко туку гледаат како да си ги заокружат своите планови а некои од нив и своите кариери. И гледаат како да ни ги вратат бегалците кои сега не им чинат.
Оние кои велеа дека Мивковски имал стратегија, големи планови кои ние не сме можеле да ги разбереме, сфатиме, созерцаме ќе останат со горчина во устата. Оти нема нити план нити храброст. Нема ништо. Ништо не остана од ВМРО. И оваа генерација што милуваше да се самонарече „посттранзициска“ нема врска ниту со идеологијата, а во меѓувреме се разминаа целосно и со потребите на својот народ. 
И сега веќе нема каде. Нема простор за маневар. Па затоа очекувајте во негов стил „лидериштето“ да го прогласи народот за повеќе свесен од него и неговите клиенти од „Белата палата“ (што е секако точно) и да го остави народот сам да си донесе став за референдумот. Тоа е исто како во 1903 Гоце да кажеше народот е зрел да го оставиме сам нека крева востание. Или Јане Сандански само да ги оставеше селаните нека видат што ќе прават со Мис Стон. Што има организацијата да се меша бре. Народот си знае. Ама за тоа сте во право. Народот знае што сорта сте. Знае дека го оставивте сам и дека ви е потребен само како бројка за да се доберете до фотељи и народни пари. Најобични паразити.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.