Десет мигранти се пронајдени во возило со албански таблички управувано од 24-годишен албански државјанин со иницијали В.Ц. Мигрантите се пронајдени вчера во 23:35 часот на улицата „Вардарски рид“ во Гевгелија.
Мигрантите од кои седум биле од Египет, а тројца од Мароко, се сместени во прифатно-транзитниот центар во Гевгелија.
Возачот е задржан во полициска станица и по целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


