Десет полицајци влегле кобната вечер во „Пулс“ и не ја прекинале забавата, ниту реагирале за пиротехниката

Три обвиненија против повеќе од 20 полициски службеници поднесе Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за трагедијата што се случи во кочанската дискотека „Пулс“. Меѓу нив се и четворица началници во СВР Штип  и ОВР Кочани и деветмина полицајци кои биле да вршат контрола вечерта во дискотеката.

Дел од нив биле од Кочани, а дел од Штип и вкупно 10 заедно со полицаецот што загина вечерта, влегле во дискотеката во 2:22 часот да вршат контрола.

Обвинителството ги товари тие што ја наредиле акциската контрола и полицајците кои иако влегле во контрола многу доцна, во преполна дискотека и виделе дека има пиротехника, никој од нив не се упатил кон бината за да ја запре пиротехниката за која немало никаква дозвола да се употребува.
Обвинителката Ивана Трајчева рече дека не може да ги гонат полицајците затоа што, како што се сведочи и јавно, не им помогнале на луѓето вечерта.
– Тоа кажува за нив самите, човечки никој не знае како некој би се однесувал во таква ситуација – рече Трајчева.
Хиерархиска поврзаност и одговорност кај Бирото за јавна безбедност рече дека не може да се најде затоа што акциските контроли ги спроведуваат СВР и ОВР.

За полицајците против кои беа поднесени првите две кривични пријави, првата против 7 лица, а втората против 10 лица постапката е запрена за  кривичното дело – тешки дела против општата сигурност, односно  не е најдена поврзаност со смртните последици што се случија вечерта. Но, деветмина од нив кои постапувале во 2022 и 2023 година ќе се гонат за злоупотреба на службената положба.
Обвинителен предлог е поднесен и против тројца полицајци кои пишувале прекршоци на неактивната фирма на сопственикот Дејан Јованов – Деко.
Сега се очекува Кривичниот суд да ги оцени обвиненијата и да влезат во судска постапка.

Пронајдете не на следниве мрежи: