Детали за пукањето на Бит Пазар: Ранет работник на „Комунална хигиена“, налетал на грабеж, крадците пукале

Работник на ЈП „Комунална хигиена“ бил ранет во нога синоќа на Бит Пазар.
Според неофицијални информаци, повредениот ја метел улицата во близина на Албанскиот театар кога забележал група крадци како провалуваат во една од продавниците. Тој најверојатно почнал да вика, по што провалниците се повлекле, а еден од нив извадил пиштол и пукал во работникот.
Од МВР потврдија дека се случил инцидентот.


-Околу 20 часот на улица 192 пријавена е кражба при која е испукан куршум од пиштол, кој завршил во ногата на А.Ш.(42) од Скопје. Тој бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возилото со кое е извршена кражбата е обезбедено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.