среда, 18 ноември 2026
Најново

Детали за убиството на жената во Челопек: постојат сомневања дека можниот убиец правел и други дела изминатиот период

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек каде беше пронајдено безживотно тело на 78-годишна жена, за која постојат сомненија дека насилно била лишена од живот. Дадени се повеќе наредби за обезбедување докази и траги од чице место кои ќе бидат предмет на вештачење.

Едно лице е лишено од слобода под сомненија дека е сторител на кривичното дело – убиство. Постојат сомненија дека истото лице во претходниот период било извршител и на други кривични дела во кумановско за што по наредба на јавен обвинител интензивно се преземаат дејствија за испитување на околностите и поврзаноста на настаните.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

По целосно испитување на настаните, ќе биде поведена соодветна постапка.

Поврзани вести