Дете на 13 години е повредено во пожар што избувна попладнево во Центар. Детето со изгореници е пренесено во болница.
– Денеска (27.05.2026) околу 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан во зграда на подрачје на Центар, информира МВР.
Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат, но според неофицијални информации, детето готвело и се запалила кујнска крпа или сунѓер по што запалените работи ги изнело на тераса од каде се развил густ чад.
The post Дете на 13 години повредено во пожар во Центар appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



