Дете од Кичево со електричен тротинет влетало во паркирана кола, заврши со тешки повреди

Дете со електричен тротинет се удрило во паркиран автомобил во Кичево и завршило во болница со тешки телесни повреди.

„На 04.06.2026 во 11:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул. ‘Рудничка’ во Кичево, електричен тротинет, управуван од 13-годишен малолетник од Кичево, удрил во паркирано патничко возило ‘опел астра’ со кичевски регистарски ознаки, паркирано од Г.Д.(47) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево“, соопштија од МВР.

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возрасната граница за возење електричен тротинет е 14 години.

Пронајдете не на следниве мрежи: