Детокс супа која што ги чисти белите дробови – Кинезите ја користеле против борбата со коронавирусот, а е дел од традиционалната медицина

Кон крајот на претходниот месец имаше над 85 отсто пациенти со коронавирус во Кина, а околу 60 илјади од нив примале лекови од растенија заедно со главните антивирусни лекови, изјавило тамошното Министерство на наука и технологија, пренесуваат од Си-ен-ен.
Една од таквите методи било консумирањето на детокс супата направена од 20 растенија, меѓу кои слатки корени од растенија, цимет и ефедра.
Оваа детокс супа која што ги прочистува белите дробови, е традиционалната кинеска медицинска метода која што ја консумирале пациентите кои што биле заразени од Ковид-19, пренесуваат од Си-ен-ен.


„Подготвени сме да го споделиме кинеското искуство и кинеските решенија за лечење од Ковид-19, а повеќето земји треба да почнат да ја користат кинеската медицина, да ја разберат…“ – изјавил Ју Јанхонг па додал:
„Во прилагодувањето на здравјето на целиот организам и зајакнување на имунитетот, традиционалната кинеска медицина ја стимулира способноста на пациентот да закрепне од болеста што е ефикасен начин на терапија“.
Овој кинески експерт истакнал дека традиционалната кинеска медицина помогнала и во борбата против вирусите во минатото, каков што беше САРС во 2002-2003-та година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.