Детската љубов е најсилна: Од срце му пее на своето братче кое има Даунов синдром

Неодоливо видео од две братчиња стана хит на социјалните мрежи и стопли многу срца.
Во него, малиот Рајс го држи во раце своето братче со Даунов синдром и слатко му ја пее песната „10.000 Hours“ од Dan+Shay, која тој сметал дека е песна за нив двајца.
Видеозаписот го сподели мајката на момчињата и напиша:

-Вака Рејс се поврзува со Трип. Му пее постојано. Се колне дека оваа песна е за него и за неговиот брат. Тој пее: „Ќе поминам 10.000 часа и уште 10.000 ако е тоа потребно за да го откријам тоа твое слатко срце. Можеби никогаш нема да стигнам дотаму, но ќе се обидам, без разлика дали тоа ќе бидат 10.000 часа или остатокот од мојот живот, јас ќе те сакам“. Љубовта не брои хромозоми, или како што вели Рајс: „Нели сме сите различни?“, напиша Никол, која е мајка на 5 деца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.