Дејан Јовановски: ЧЛЕН = ГЛАС

Доколку мандатот на општинските претседатели доаѓа од членството на комитетот, тоа суштински го менува нивниот кредибилитет и легитимитет:

  • избрани се од членовите на комитетот каде делуваат и ја имаат најголемата локална поддршка
  • слободно и без страв од санкции за нивниот мандат може да застапуваат различни ставови од другите, да даваат мислења и предлози, да гласаат повеќе по свое убедување.

Во таква констелација на високото раководство со општинските комитети ќе има баланс на одговорноста во функционирањето каде “големата слика” и генералната стратегија ќе ја водат централните партиски органи, додека ОК-и ќе добијат поголема автономија и независност, но истовремено и поголема одговорност за својата работа. На тој начин Централниот комитет и Конгресот ќе добијат на вредност и ќе имаат поголема тежина, наспроти сегашниот поглед кој истите ги гледа како гласачка машина.

– Барање за Вонреден конгрес

Новиот статут го регулира свикувањето на Вонреден конгрес – имајќи предвид дека свикување на вонреден конгрес се состои од две гласања на Централниот комитет – барање и изгласување, барањето за вонреден конгрес треба да биде поддржано од една половина од вкупниот број на членови на ЦК (претходно една третина), додека изгласувањето на самиот конгрес останува исто со две третини. Составот на делегати на изборен конгрес го сочинуваат членовите на Извршниот и Централниот комитет, пратениците, претседателите и членови на униите и другите облици на здружување во рамки на партијата.

Аргументите се исти или слични. Недовербата се укажува на можноста на свикување на конгрес преку гласање на ЦК, како и на составот и објективноста на одлуките на делегатите на Конгресот кои се од редот на веќе споменатите партиски функционери, а кои директно или индиректно се избрани или одобрени од првиот човек.

Еден од предлозите е да се свика Вонреден конгрес со делегатите од минатиот состав и да се формира претседателство кое ќе направи статутарни измени како основ за нов конгрес, а се однесува на гласање доверба на претседателот.

Доколку се одржи конгрес надвор од рамките на официјалните партиски структури во однос на неговото изгласување, односно не е изгласан од ЦК, тој не би имал легитимност, па истата ќе треба да ја докажува во судска постапка пред надлежен орган.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.