Дејвид Бекам денес е прогласен за витез од страна на кралот Чарлс (фото)

Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам денес беше прогласен за витез во замокот Виндзор, како признание за неговиот децениски придонес во спортот и добротворните цели.

Бекам беше прогласен за витез од кралот Чарлс, а во таа пригода поранешниот фудбалер носеше одело дизајнирано од неговата сопруга Викторија, моден дизајнер и поранешна членка на „Спајс грлс“.

Arise, Sir David Beckham! pic.twitter.com/5erW1I3ZrU— BBC Sport (@BBCSport) November 4, 2025

Кралот Чарлс и Бекам разменија топли зборови за време на церемонијата, а фудбалерот подоцна призна дека плачел кога првпат дознал дека е награден со витез.

„Ова е толку голем момент за нашето семејство и е толку посебен. Многу сум горд што ми е укажана толку посебна чест. Пораснав во многу скромно семејство во лондонскиот Ист Енд. Отсекогаш сакав да бидам професионален фудбалер, а сега стојам тука во замокот Виндзор со најважната монархија на светот“, им рече Бекам на новинарите, шегувајќи се дека нема да има ништо против неговите деца да го нарекуваат „Господин тато“.

Роден во Источен Лондон, Бекам го имаше своето деби во Премиер лигата за Манчестер Јунајтед во 1995 година, две години откако се приклучи како јуниор. Со клубот освои шест титули во лигата, два ФА купа и Лигата на шампионите, пред да игра за Реал Мадрид, ЛА Галакси, Милан и Пари Сен Жермен. Се пензионираше во 2013 година, откако одигра 115 натпревари за Англија.

Познат по своите брилијантни слободни удари и центрирања, Бекам стана и еден од комерцијално најуспешните спортисти на својата ера.
The post Дејвид Бекам денес е прогласен за витез од страна на кралот Чарлс (фото) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: