Дивна Карлеуша ќе биде погребана на 6 март во 14:30 часот на Новите гробишта во Белград

Дивна Карлеуша, која вчера во 61-та година од животот ја изгуби битката со тешката болест со која се бореше подолг период, ќе биде погребана во среда.
Радиоводителката ќе биде испратена до вечното почивалиште на 6 март во 14:30 часот потврдуваат од управата на Новите гробишта во Белград.
Мајката на пејачката Јелена Карлеуша почина вчера околу 12:30 часот во својот дом, по долгата борба со канцерот на белите дробови.
На Дивна Карлеуша ненадејно и се слошило заради што и била повикана Итна помош, која само можела да констатира смрт. Во тие моменти нејзината ќерка Јелена се наоѓала во Австрија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.