ДИК: ОДИХР почнува со следење на локалните избори

  Во пресрет на локалните избори 2025, денеска официјално започнува набљудувањето од страна на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, откако Државната изборна комисија (ДИК) вчера едногласно ги усвои барањата за акредитација на 14 меѓународни набљудувачи. 

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, на вчерашната седница информираше дека денеска ќе се одржи првата официјална средба со претставниците на Набљудувачката мисија, со што и формално ќе започне нивната работа.
Дополнително на седницата членовите на Комисијата ги усвоија измените и дополнувањата на решението за регистарот на радиодифузери, печатени и електронски медиуми, како и интернет портали кои ќе ги покриваат изборите.
Првиот круг за избор на градоначалници и членови на советите на 80 општини и на Градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг треба да се одржи на 2 ноември во единиците на локалната самоуправа во кои изборите нема да завршат во првиот круг.

Пронајдете не на следниве мрежи: