Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитриевиќ, денеска упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за директно мешање во работата на Обвинителството. Според Димитриевиќ, признанието на премиерот дека разговарал со јавниот обвинител Ненад Савески е скандалозно.
Од СДСМ тврдат дека премиерот врши притисок и му наредува на обвинителот како да постапува, со што се урива независноста на правосудниот систем.
„Мицкоски вели, цитирам: ‘ако тоа не се случи, тогаш обвинителството дефинитивно го губи својот кредибилитет’. Што е ова? Чиста наредба. Како што правеше од собраниска говорница, како што прави од телевизија, сега повторно, нова наредба на Мицкоски за јавниот обвинител кој самиот го избра и го постави“, истакна Димитриевиќ.
Тој додаде дека судството и обвинителството се под целосна контрола на власта, што според него е причина за блокадата на европскиот пат на државата.
„Новиот јавен обвинител, Савески, откако е дојден на функцијата, работи по нарачка на Христијан Мицкоски. Мицкоски дава наредби – Савески исполнува. Ако сака да сочува малку лично достоинство, најмалку што може да направи Савески е да си даде оставка, уште денеска“, порача генералниот секретар на СДСМ.
The post Димитриевиќ: Мицкоски сo директно мешање во работата на Обвинителството.Тој му диктира задачи на обвинителот appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



