Димитриевска-Кочоска: Историски приходи во буџетот за јули

Историски високи приходи за јули, Царинската управа и Управата за јавни приходи имаат највисока месечна исплата досега. Финансиската стабилност и одржливиот економски раст се наш фокус, а резултатите се видливи сега, веќе во првата година од мандатот, објави министерката за финансии, Гордана Димитриевска-Кочоска на својот Фејсбук профил.Димитриевска-Кочоска нагласува дека во јули, во споредба со истиот месец минатата година, приходите од даноци и придонеси се зголемени за 7,4 проценти, приходите од акцизи се зголемени за 5,7 проценти, додека приходите од расходи за увоз се зголемени за 19,2 проценти.„Ова се резултати на ефикасна, одговорна и професионална работа. Продолжуваме со посветеност, со поддршка на економијата и грижа за секој денар на граѓаните“, подвлекува министерката.

Пронајдете не на следниве мрежи: