среда, 11 ноември 2026
Најново

Димитриеска Кочоска: Законски измени за зајакнување на супервизијата и воспоставување повисоки стандарди за работата на финансиските компании

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерството за финансии во Република Македонија работи на измени и дополнувања на Законот за финансиски друштва, со цел зајакнување на регулаторната рамка, поголема заштита на граѓаните и подобрување на транспарентноста и стабилноста во работењето на овие субјекти.

Станува збор за законски измени што предвидуваат формирање задолжителни внатрешни тела во секое финансиско друштво, како што се одбор за внатрешна ревизија, одбор за кредитен ризик, надзорен одбор и слично. Контролите се зајакнуваат и при отворање нови деловни простории, за кои ќе треба да се побара претходна согласност од Министерството за финансии, со утврдени критериуми за условите за работа.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Измените, велат од Министерството за финансии, предвидуваат и зголемување на основниот капитал на финансиските друштва, како и укинување на плаќањата во готово, во кој случај кредитните средства ќе мора да се исплаќаат само преку банкарски сметки. Целта е да се следат финансиските текови и да се намалат ризиците од злоупотреба.

Министерката за финансии Гордана Димитреиска-Кочоска за „Телма“ нагласи дека промените доаѓаат како резултат на засилените контроли и недоследноста утврдена во работењето на некои финансиски компании.

„Подготвуваме законски измени што ќе следат во наредниот период. По извршените проверки, откривме одредени слабости и двосмислености во постојната регулатива, што остава простор за различни толкувања и практики. Затоа, преземаме мерки за зајакнување на критериумите и воспоставување поголем надзор, вклучително и задолжителни внатрешни одбори и ограничување на плаќањата во готово. Целта е поголема заштита на граѓаните и стабилно функционирање на секторот“, рече министерот.

Поврзани вести