Димитриеска-Кочоска: Капиталните инвестиции се зголемени за 47,4 проценти

Со новата методологија за евидентирање на капиталните инвестиции, заклучно со 13 ноември, тие се зголемени за 47,4 проценти, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска.

За време на нејзиното гостување на ТВ Сител, таа рече дека за 2025 година има висок износ на проектирани капитални расходи, а воедно има и голема реализација.

„Она што секогаш треба да го правиме е да правиме споредба со претходните години. Знаете дека ја променивме методологијата во начинот на евидентирање на капиталните расходи. Покрај тоа што ја променивме методологијата, оваа година имаме реализација, до 13 ноември, од 22 милијарди и 151 милион денари, во споредба со 19 милијарди од минатата година. Меѓутоа, ако ја додадеме или адаптираме методологијата за двете години за да биде иста, тогаш оваа година имаме реализација од 28 милијарди, или 47,4 проценти повеќе“, рече Димитриеска – Кочоска.
The post Димитриеска-Кочоска: Капиталните инвестиции се зголемени за 47,4 проценти appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: