четврток, 12 ноември 2026
Најново

Димитров упати јавна благодарност до австрискиот МНР Шаленберг за помош при репатријација на наши граѓани од Перу

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Димитров упати јавна благодарност до австрискиот МНР Шаленберг за помош при репатријација на наши граѓани од Перу

Еве го интергралното соопштение од МНР

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Информираме дека 4 македонски граѓани кои беа затекнати како туристи во Лима, Перу, по телефонски разговор Димитров – Шаленберг, во организација на амбасадите на Северна Македонија во Виена и во Бразилија, а во соработка со австриските власти, денеска со чартер лет на Аустријан Ерлајнс слетаа во Виена.

Во исклучително отежнати услови за репатријација особено за затекнатите граѓани на други континенти, упатуваме голема благодарност до министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, како и до австриското МНР, за солидарноста која е повеќе од потребна во овие моменти при заемното помагање помеѓу земјите.

Водени од тие принципи  и Министерството за надворешни работи на Република Серверна Македонија досега им излезе во пресрет на 9 странски државјани: 4 од Хрватска, 4 од Црна Гора и 1 од Косово, на летовите кои беа организирани за репатријација на македонски граѓани од Малта и Хрватска.

Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација со надлежните власти на земјите од регионот и од земјите членки на ЕУ, правејќи напори за преземање на нашите граѓани од другите континенти со заеднички прекуокеански лет, како што беше и случајот со Австрија.

Скопје, 28 март 2020 год.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ НА ТЕМА:

Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!! клик на сликата 

Поврзани вести