Директни закани со смрт кон новинар – последица од политиката на омраза на Мицкоски

Здружението на новинари на Македонија алармира за директни закани по живот кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов.

Во коментари се повикува на негово физичко елиминирање. Се бара „јунак“ што ќе „расчисти“ со него. Се бара да биде „решен на експресен начин“.

Ова не е обичен интернет-инцидент. Ова е директна последица од политиката што ја води Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО.

Политика на поделби.

Политика на сеење омраза.

Политика од деведесеттите години.

Мицкоски ја официјализираше оваа атмосфера уште на најголемиот државен празник – Илинден, кога дел од граѓаните што не се согласуваат со неговата политика ги нарече „талог“.

Оттогаш кампањата продолжи. Секојдневно. Систематски.

Кога премиер го дели народот на „патриоти“ и „талог“, кога со месеци се создава атмосфера во која поинаквото мислење се третира како непријателство, тогаш заканите кон новинари се само логична последица.

Бараме итна и целосна реакција од МВР.

Бараме идентификација на профилите што се закануваат со смрт.

Бараме Јавното обвинителство да постапи без одложување.

Слободата на говорот и безбедноста на новинарите се темелни права на секое слободно и демократско општество.

Не смееме да ја заборавиме деценијата на мрак под власта на ВМРО и Груевски.

Денес, Мицкоски повторно се обидува да создаде атмосфера на страв, притисок и замолчување. Не смееме да дозволиме истото да се повтори.

Оваа атмосфера на омраза ја создадоа тие. Тие треба да одговараат за последиците. – се вели во соопштението на СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: