сабота, 14 ноември 2026
Најново

Алармантна состојба во нуклеарната централа Запорожје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска пристигна во градот Енергодар и нуклеарната централа Запорожје со цел да ја утврди состојбата во објектот.

Тој во Енергодар пристигна во друштво на советникот на генералниот директор на „Росенергоатом“, Ренат Корча.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Гроси изјави дека борбите во близина на електраната Запорожје стануваат се поинтензивни и дека ситуацијата не се подобрува, додавајќи дека МААЕ разгледува нов концепт за заштита на нуклеарната централа, што предвидува стеснување на безбедносната зона.

– Развиваме концепт дизајниран за полокална заштита на фабриката, посочи Гроси.

Тој вчера изјави дека се обидува да постигне договор за заштитните мерки за украинската нуклеарна централа Запорожје, окупирана од Русија, истакнувајќи дека ги адаптирал своите предлози во обид да постигне „пробив во преговори“.

Сепак, правиме одредени промени и ги приспособуваме предлозите што ги ставаме на преговарачка маса, истакна вчера Гроси, потенцирајќи оти е можно да се воспостави „некаква заштита“.

Тој додаде дека не се работи за концептот на територијална заштита, туку за идејата за воведување правила за тоа што треба да прави секој поединец во таа област за да се избегне нуклеарна катастрофа.

Поврзани вести