Владимир Некрасов, претседател на одборот на директори на руската нафтена компанија „Лукоил“, ненадејно почина во вторникот на 66-годишна возраст.
Локалните медиуми јавуваат дека Владимир Некрасов страдал од акутна срцева слабост, додека западните медиуми и критичарите на рускиот претседател Владимир Путин тврдат дека директорот на втората по големина руска нафтена компанија е всушност последната во низата жртвина актуелниот руски режим.
- Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот
- Малолетник се здобил со тешки повреди откако бил удрен со возило
- Фон дер Лајен најави помош од речиси 710 милиони евра за раселените лица и заедниците погодени од кризата
- Папата Лав XIV остро против евтаназијата: Она што е законско не значи дека е морално
- Оваа скриена функција на клучот од вашиот автомобил може да биде исклучително корисна
- Трамп за инцидентот кај американската база во Британија: „Намерата им била да предизвикаат голема штета“
- Дали го сакате кафето и доите? Треба да го знаете ова
- Жените со непропорционално големи гради може да имаат изненадувачки здравствени проблеми
- Дали правите домашен ајвар? Овој вид црвена пиперка е идеална поради својот богат вкус и густа текстура
The Sun објави дека Владимир Некрасов е третиот висок функционер на „Лукоил“ кој е пронајден мртов во изминатите 18 месеци и тврди дека многу мистериозни смртни случаи се поврзани со енергетскиот сектор од почетокот на војната во Украина.
Смртта на Владимир Некрасов уследи по смртта на директорот на управниот одбор на компанијата, Равил Маганов (67 г.), кој „падна“ од прозорецот на елитна московска болница на почетокот на септември 2022 година. Равил Маганов службено бил во болница поради долгогодишен проблем со срцето, па паднал од прозорецот на шестиот кат и починал на лице место.
Милијардерот Александар Суботин (43 г.), главен менаџер на „Лукоил“, беше пронајден мртов во мај 2022 година откако посетил шаман. Една од теориите е дека Александар Суботин, кој исто така поседувал бродска компанија, бил отруен за време на сеансата, што потоа предизвикало срцев удар.
Телото на Игор Шкурк (49 г.), заменик генералниот директор на „Јакутскенерго“, беше откриено во неговата ќелија во притворот откако беше обвинет за примање мито.
Западните медиуми тврдат дека Кремљ стои зад смртта на најмалку 39 лица од руската елита.
Еден од мистериозно починатите олигарси е олигархот Сергеј Гришин, кој им продаде замок на Меган Маркл и принцот Хари во Калифорнија, а кој наводно починал од сепса откако го критикувал Владимир Путин.
На листата на мистериозни смртни случаи е и научникот Андреј Ботиков, кој ја создаде вакцината „Спутник V“. Андреј Ботиков е пронајден мртов во неговиот стан, а се сомнева дека е задавен со појас.
Пронајдете не на следниве мрежи:



