Во предградијата на украинскиот град Житомир, кој се наоѓа на западот на земјата, локалните жители и медицинскиот персонал одржаа протест пред Мултиспецијалната болница Житомир поради планираното затворање на одделот за неврологија.За време на протестот се случи инцидент кога насобраните демонстранти го фрлија директорот на болницата Серхи Демуш во контејнер за ѓубре. Инцидентот е снимен на видео кое кружи на социјалните мрежи.Повод за протестот беше одлуката за реорганизација на невролошкото одделение со терапевтско, што, според вработените во болницата, ќе доведе до отпуштање на 30 здравствени работници.
😱In Ukraine’s Zhytomyr region, a local hospital director was thrown into a dumpsterThe reason? The closure of the neurology department and staff layoffs. Outraged residents held a protest and dumped the official who signed the order into the trash. pic.twitter.com/Eb1G2tpqxQ— NEXTA (@nexta_tv) April 11, 2025
Директорот Демус на средбата со граѓаните се обиде да објасни дека со реорганизацијата е планирано формирање на одделение за палијативна нега, без значително намалување на бројот на кревети и дека на персоналот ќе им бидат понудени нови работни места.Но, насобраните не беа задоволни од понуденото образложение и побараа одлуката да се повлече.Вечерта на собирот се обрати и заменик-градоначалничката на регионот Житомир, Наталија Остапченко, која најави дека одлуката за реорганизација е привремено повлечена, а конечната одлука ќе биде донесена на следниот состанок на локалниот совет.Житомир се наоѓа на околу 130 километри западно од главниот град Киев.