Директор на католичкото училиште за девојки во Регенсбург напиша писмо во кое ги предупредува родителите да не ги пуштаат нивните ќерки сами да одат до училиште. Писмото ги шокирало родителите, но портпаролката на полицијата смета дека е оправдано, пренесува Fenix-magazin.de.
Имено, католичкото женско училиште во Регенсбург (Баварија) е идилично лоцирано веднаш до паркот на замокот каде што била резиденцијата на кнежевското семејство Турн и Таксис.
- Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за 90 денаУкраинската – Врховна рада (парламент) го усвои законот предложен од Володимир Зеленски, за… Read more: Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за 90 дена
- Обама го вклучи алармот пред изборите: „Ова е нашата последна шанса“Поранешниот американски претседател Барак Обама ја критикуваше администрацијата на Доналд Трамп за војната… Read more: Обама го вклучи алармот пред изборите: „Ова е нашата последна шанса“
- Се извини откако претстави македонска песна како „стара бугарска“Најновото издание на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ предизвика вистинска бура и… Read more: Се извини откако претстави македонска песна како „стара бугарска“
- Теа Таировиќ итно опериранаПејачката Теа Таировиќ итно била оперирана, дознава „Блиц“. Таа била примена во болница… Read more: Теа Таировиќ итно оперирана
- Промена на времето од утре: дожд, снег на планините и силен ветерВремето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од… Read more: Промена на времето од утре: дожд, снег на планините и силен ветер
Во писмото од 30. јануари, д-р. Ханс Линднер, директор на „Marien Oberschule & Realschule“ пишува:
„Без оглед на времето од денот, вашите ќерки треба да одат до училиште во групи и да користат само добро осветлени улици“.
Писмото звучи шокантно, но според портпаролката на полицијата Корин Вајлдтиер, директорот има легитимна причина да го напишал.
„Католичкото женско училиште се наоѓа недалеку од централната станица во Регенсбург. Зелените површини во близина на главната станица ги сметаме за приоритетна област поради високиот степен на криминал“, изјави портпаролката на полицијата Корин Вилдтиер.
Германските медиуми јавуваат дека на крајот на јануари во близина на училиштето се случило силување. Во притвор се и двајца осомничени Тунижани (20 г., 22 г.).
Директорот на училиштето Ханс Линднер пишува дека и шеталиштето „Фурст-Анселм“ и, не помалку важно, областа на железничката станица се жаришта на криминал, дури и во текот на денот, и покрај зголеменото присуство на полицијата и безбедносните служби.
„Тоа значи дека ученичките не се безбедни, иако таму има повеќе полицајци!“, нагласува тој.
Директорот за „Mittelbayerische Zeitung“ објасни дека не сака да шири паника и дека нема инциденти со ученички:
„Тоа беше чисто превентивно писмо“, вели тој.
Меѓу осомничените има многу Тунижани
Во 2023 година, случаите на, меѓу другото, сексуални престапи и физички повреди во Банхофсвиертел значително се зголемија. Bild дознава дека очигледно има многу Тунижани меѓу осомничените. Во 2023 година, според податоците на полицијата, тие се најголемиот број осомничени негермански.
Во моментов се гонат 25 Тунижани од блискиот центар за бегалци – главно за злосторства во близина на железничката станица. Овие рочишта се одржуваат кратко време по извршувањето на кривичното дело, а казните не можат да бидат подолги од една година.
Во 2022 година околу главната станица се регистрирани 748 кривични дела, а во 2018 година 875.
„Бројките за оваа 2023 година на подрачјето на станицата ќе ги надминат бројките од претходните години“, вели портпаролката на полицијата.
Пронајдете не на следниве мрежи:



