Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Дирекцијата за заштита и спасување нема вршено инспекциски надзори врз кабареа и дискотеки низ територија на Македонија до пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, сведочеше денеска вработен во дирекцијата според неговите сознанија.
Но, тој изјави и дека не може да знае дали колегите од подрачните одделенија во сите изминати години имаат извршено во такви субјекти инспекциски надзори. По пожарот спроведени се вонредни надзори во такви угостителски обејкти на барање на МВР и други институции.
Немало распореден инспектор во Кочани, а и немало никакво барање или пријава за спроведување на инспкциски надзор во „Пулс“ до пожарот. Од 2020 година било предвидено да се врши инспекциски надзор еднаш годишно во подрачја каде нема инспектор. Според сведокот, тоа било само на ниво на бројка, но исполнувањето на таа обврска реално не било возможно бидејќи таму немало распоредени инспектори и поради тоа што располагале со мал број на инспектори во ДЗС.
На прашањето на одбраната дали додека директор бил Селами имало стигната пријава или барање за спроведување на инспекциски надзор во Пулс, сведокот одговори негативно.. Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март мината година, во кој животот го загубија 63 млади луѓе, а двесте беа повредени.



