Дијаспората во Мелбурн ги бојкотираше претседателските избори

Македонците од Мелбурн вчера имаа право да го оствара своето право на глас за избор на претседател на Република Северна Македонија.
За разлика од претходните изворни циклуси кога Македонците од Мелбурн со гордост одеа и гласаа, овој изборен циклус не се случи истото.
Имено, видно разочарани поради смената на името на државата, но и поради досегашниот игнорантски однос на власта и опозицијата, а и на претходната власт кон дијаспората, дијаспората реши да ги казни и едните и другите со бојкот. Во Мелбурн вчера беа пријавени само 66 гласачи, од кои 37 се појавија на избирачкото место, и толку гласаа.
Во Канбера гласаа само 16 гласачи, а од Аделаид, Перт и Бризбен немаше ниту еден гласач.
Со оглед на фактот дека илјадници Македонци во Австралија имаат право на глас и важи за најбројна македонска дијаспора во светот, ова е поразителен резултат, за кој сите треба да се запрашаат зошто е тоа така?
Шест преставници на Државната изборна комисија, претставувајќи ги партиите допатуваа дури од Македонија, а знаеме дека истите можат да се формирани од луѓе кои се веќе овде како партиски, така и надпартиски.
Дефинитивно ова е силна порака, како до власта, така и до опозицијата дека дијаспората е многу одлучна и никој не може да и влијае на никаков начин.
Можеби и не им се толку важни гласовите од дијаспората и така се однесуваат, но ќе сватат колку им се важни кога бојкотот ќе удри и по економијата.
Голем број македонски производи се увезуваат во Австралија и Македонците со гордост избираат да купат македонски производ, пред било кој друг производ, иако другите можеби е поквалитетни и поевтини.
Ретко веќе кој од дијаспората ќе извади пасош на којшто ќе пишува Република Северна Македонија, и се помал ќе биде бројот на Македонци кои ќе патуваат во Македонија за да оставаат таму девизи, или помали и поголеми инвестиции.
Повторуваме, во Мелбурн гласаа само 37 македонски државјани, а резултатот не го објавивме затоа што изборниот молк сеуште траеше во Република Северна Македонија.
Најверојатно овие се последни избори на коишто дијаспората ќе гласа, тоа неодамна го изјави и премиерот Заев.
Дијаспората избра бојкот, што ќе избере Македонија денес, бојкот или претседател на државата, со нетрпение очекуваме да видиме сите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.