Почина маж во автобус на „Табановце“- еве ги деталите

Во СВР Куманово, вчера во 22:50 часот од Итна медицинска помош било пријавено дека во автобус на Граничниот премин Табановце на излез од РСМ починал Ф.С. (71) од Унгарија.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа од СВР Куманово во присуство на сестрата на починатиот и возачот на автобусот, двајцата од Унгарија.
Известен е јавен обвинител.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.