Доаѓа полната Месечина во Лав: 1 февруари е клучен – животите на 4 знаци се менуваат

Полната Месечина нè очекува на 1 февруари во огнениот знак Лав и ќе има силно влијание врз Лавовите, Водолиите, Биковите и Шкорпиите.

Полната Месечина во Лав носи силна потреба за признание и искреност. Во овој период, емоциите ќе бидат зголемени, а влијанието на полната месечина ќе се чувствува две недели. 

Лавот е знак кој бара да биде виден и забележан таков каков што навистина е, па затоа често има потреба да застанете зад себе, зад вашите чувства и вашите избори, дури и ако тоа значи да бидете во центарот на вниманието.

Тест за сите врски

Оваа полна Месечина може да покрене прашања за самодоверба, љубов и самопочит. Односите се ставаат на тест низ призмата на гордоста, па ќе сфатите каде давате премногу, а каде не добивате доволно за возврат.

Лавот носи топлина и великодушност, па затоа ова е добро време за искрени разговори и креативни проекти.

Полната Месечина во Лав ве потсетува дека вистинската безбедност доаѓа одвнатре, кога ви е дозволено да блеснете без страв. Овој астролошки период ќе има најсилен ефект врз Лавовите, Биковите, Скорпиите и Водолиите.

ЛАВ

Вие сте еден од знаците кои најсилно ќе го почувствуваат влијанието на полната месечина. Советот е да не донесувате одлуки во афект и да не реагирате бурно ако сè не оди по ваш избор.

ВОДОЛИЈА

Криза во партнерските односи! Водолиите кои се во брак може да размислуваат за развод. Неповолен период за почеток на нова романса, бидејќи полната Месечина е резервирана за крајот.

СКОРПИЈА

Хаотична ситуација на работа. Потенцијална криза може да ве натера да размислите за промена на работата.

БИК

Полната Месечина во Лав ви носи семејна криза. Можни се преселби и комплицирани односи со роднините.

The post Доаѓа полната Месечина во Лав: 1 февруари е клучен – животите на 4 знаци се менуваат appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: