недела, 29 ноември 2026
Најново

Добро погледнете ги вашите нокти: Доколку ја забележите оваа ПРОМЕНА, веднаш контактирајте го вашиот лекар

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Многу нешта дознаваме преку нашите нокти, особено кога е здравјето во прашање. Погледнете си ги ноктите и ако забележите еден од овие знаци, проверете за што се работи, на време.

Жолтеникави нокти или „здебелени“ нокти

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Ноктите кои се пожолтени или задебелени може да укажуваат на габична инфекција. Габичните инфекции бараат подолг третман, па најдобро е да посетите доктор за да ви даде соодветна терапија.

Темни линии

Темните линии обично се видливи со „голо око“ и се појавуваат на средината на ноктот. Можат да сигнализираат сериозни болести, па ако ги забележите не одложувајте итен преглед на доктор.

Бледи нокти

Нагласено бледило на вашите нокти е знак на анемија, но може да биде и знак на дијабетес па дури и знак за проблеми со црниот дроб.

Мали пукнатини, бразди

Мали пукнатини или бразди на ноктите се поврзани со псоријаза.

Кршливи нокти

Ноктите може да се скршат, и тоа е познато, но ако вашите нокти се кршливи прилично лесно, ова би можело да е знак за проблеми со тироидната жлезда.

Помодрени нокти

Исто како што и вашето лице може да стане модро кога не земате доволно здив, посинетите нокти се знак за недостаток на кислород. Ова секако е најава на проблем со респираторниот систем или проблем со срцето.

Бели линии

Хоризонталните бели линии на ноктите се често индикатор на болести на бубрезите, недостаток на хранливи состојки како протеини, и на проблеми со црниот дроб.

Искривени нокти

Ноктите кои се искривуваат навнатре покажуваат недостаток на железо, додека лажица- облик на ноктите може да биде знак на лупус.

Суви кожички

Сувите кожички околу ноктот се очигледни, но бидејќи не ретко се појавуваат, треба да им се посвети внимание – од што се појавуваат. Ако правилно се грижите за вашите раце (мачкајќи со крем), тогаш сувите кожички се знак за дехидрираност на кожата. Пијте повеќе вода.