Договорот меѓу Русија и Унгарија пропадна! Орбан му вети на Путин сериозна соработка во врска со нафтата и гасот

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави во Москва дека Унгарија ќе продолжи да се потпира на руските енергетски извори, и покрај притисокот во Европската Унија да ја намали зависноста од руската нафта и гас.

„Сакам повторно да потврдам дека снабдувањето со енергија од Русија во моментов е основа на снабдувањето на Унгарија и ќе остане така и во иднина“, рече Орбан за време на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ.

Унгарија е една од ретките членки на ЕУ што не крие дека сака да ги задржи долгорочните договори со руските добавувачи на нафта и гас, оправдувајќи го тоа со економските интереси и енергетската безбедност на земјата.

Владимир Путин, од своја страна, нагласи дека го цени пристапот на Орбан кон војната во Украина.

„Свесен сум за вашиот избалансиран став по прашањето за Украина“, му рече рускиот претседател на унгарскиот премиер.

Долго време, Орбан се истакнуваше во ЕУ како глас против построгите санкции против Москва и застапник на континуирана соработка со Русија во енергетскиот сектор, што, меѓу другото, му обезбедува поповолни услови за снабдување со гас и нафта.
The post Договорот меѓу Русија и Унгарија пропадна! Орбан му вети на Путин сериозна соработка во врска со нафтата и гасот appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: