Додека гореше Македонија, Мицкоски бил на средба со катарски Султан – Владата ја крие средбата и не објави соопштение

Додека Македонија буквално гореше од стравичните пожари кои ја зафатија државата во текот на вчерашниот ден премиерот Мицкоски бил на средба со Султан од Катар дознава Инфомакс.

Во моментот кога се случувала средбата во Скопје имаше најмалку пет активни пожари, во Крива Паланка од пожарите загина човек, а огнот беше изгаснат со помош на соседна Бугарија, локалното население и противпожарната бригада на Крива Паланка.

Во Дојран пак пожарот го изгасна соседна Грција која им помагаше на македонските херои пожарникари и доброволци.

Македонската Влада не објави соопштение за средбата, но тоа го сторија катарските прес служби.

Погледнете:

-Неговата екселенција премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во среда во Скопје се сретна со министерот за надворешни, Султан бин Саад Ал Мураихи.

На средбата беа разгледани односите на соработка меѓу двете земји и начините за нивна поддршка и развој, покрај голем број теми од заеднички интерес.

Линк од објавата на катарското министерство за надворешни.

Пронајдете не на следниве мрежи: