Рио де Жанеиро повторно е епицентарот на спектаклот – традиционалниот карневал, еден од најголемите фестивали во светот, трае од 28 февруари до 8 март .Додека милиони луѓе го слават враќањето на овој раскошен настан, контроверзите не изостануваат – додека некои уживаат во музиката и танцувањето, други остро го критикуваат настанот за сексуализацијата на танчерите и зголемувањето на насилството.Карневал во Рио : Враќањето на спектаклотОваа година фестивалот продолжува со уште попровокативни костими и изведби.Самба танчерите, познати како „reine de bateria“, повторно се во центарот на вниманието, но не само поради нивната спектакуларна кореографија – нивната улога на карневалот предизвикува дебати за родовата еднаквост и безбедноста на жените.Контроверзии и предрасуди: Жените под критикаВивиен Мораис Фереира Гимараеш, која дење продава брза храна, а ноќе танцува самба за училиштето Унидос до Порто да Педра, истакнува дека таа и нејзините колеги често се изложени на навреди и предрасуди.„Поради начинот на кој сме претставени, луѓето не навредуваат и сугерираат дека сме вклучени во проституција”, рече таа.Со слични проблеми се соочува и танчерката Рајане да Силва Фереира, претставник на школата „Acadêmicos do Salgueiro“.„Ние сме малтретирани секогаш и секаде“, нагласи таа уште пред пандемијата, додека Фернанда Флорентино, членка на неколку школи за танц, потврдува дека сексуалното вознемирување не е ограничено на настапи за време на карневалот.Цената на карневалот: Подемот на насилството и социјалните последициОсвен предрасуди, статистиката укажува и на зголемување на насилството за време на фестивалот. Полициските извештаи покажуваат дека насилството врз жените за време на карневалот е зголемено за 174 отсто од 2015 година.Дополнително, секоја година се регистрираат стотици пријави за расизам, сексизам и хомофобија, додека кражбите и обидите за силување се вообичаени.Новинарот и професор на Универзитетот во Сао Паоло, Др. Розане Борхес истакнува дека карневалот често ги прикажува жените на начин што ги сведува на сексуални објекти, а во исто време ја истакнува расната дискриминација присутна во бразилското општество.Карневалот го слави животот, но дали се неопходни промени?И додека светот добива слики од танцување, радост и раскошни костими од Рио, вистината за фестивалот останува во втор план.Карневалот сè уште привлекува милиони туристи и носи значителни приходи во Бразил, но се поставува прашањето – што е потребно за да се промени имиџот на овој спектакл?Засега се чини дека одговорите на тоа прашање се на втор план, додека веселата атмосфера прикрива сериозни социјални проблеми.
Пронајдете не на следниве мрежи:



