Додека чуварите купувале сендивичи, спектакуларно им избегал затвореник

Фидан Асани, ocyденик на 7 години и 7 месеци казна затвоp за кpиyмчapeње мигpaнти, нacилcтво и предизвикување општа опacност, утрово ѝ побегнал на затвopcката полиција додека го транспортирале од комплексот Клиники „Мајка Тереза“ кон Идризово, каде Асани бил однесен на редовен лекарски преглед.
Настанот се случил утринава. Според досегашните наоди на истрагата, Асани со возило на затворот бил пренесуван од Клиничкиот центар кон затворот.
Во близина на населбата Автокоманда тој се пожалил дека не му е добро и побарал од стражарите да го запрат возилото. Тие пак го запреле да купат сендвичи. Кога запрело затворското возило, Асани успеал да избегале.
Директорот на „Идризово“ – Боби Мојсоски, вели дека се работи за чиста немарност на полицајците, бидејќи скршнале од рутата. Инцидентот го пријавила командирката во чуварската служба, но дури откако полицајците се вратиле во КПУ Идризово без затвopеникот.
Извор:365.com.mk

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.